|

(видео) Интерактивната работилница „Музејска потрага“ во Завод и музеј – Прилеп

18 Мај – Светскиот ден на музеите. Во Завод и Музеј Прилеп се одржа интерактивната работилница „Музејска потрага“, со учениците од осмо одделение од ООУ „Св. Климент Охридски“.

Низ музејските поставки, учениците имаа можност активно да истражуваат, набљудуваат и откриваат дел од музејските артефакти. Со помош на наставен лист со избрани експонати, тие одговараа на прашања и преку интерактивен пристап го збогатуваа своето знаење.

Активноста беше интегрирана со наставата по македонски јазик, со акцент на лексичкиот фонд – домашна и странска лексика, овозможувајќи музејскиот простор да се претвори во поинаква и креативна училница.

Работилницата ја реализираа Оливера Јандреска, виш кустос, и Јулијана Талеска, наставничка по македонски јазика.

Оваа година, Музејот, проекто „Музеите во училиштата и училиштата во музеите“, ги равити со драмската секција баш на ООУ „Климент Охридски“ како значајна иницијатива за доближување на културното наследство до младите генерации.

Слични Објави