Крушево три дена живееше во духот на авантурата
Со богата спортска, музичка и туристичка програма, од 8 до 10 август во Крушево се одржа шестото издание на outdoor фестивалот „When in Krusevo“, кој повторно го претвори овој планински бисер во сцена на адреналин, авантура и природна магија.
Настанот понуди уникатно спојување на спорт, култура и дружење, привлекувајќи посетители од целата земја и странство. Целта на фестивалот е да ја промовира природната убавина на Крушево, здравиот начин на живот и активниот туризам.
Во текот на трите фестивалски дена, учесниците имаа можност да се вклучат во разновидни outdoor активности: планинарење, маунтин-бајк тури, трки во природа, кајак и SUP, тандем параглајдинг, јавање коњи, биатлон „Biathlon 4 All“.












Покрај спортските активности, посетителите уживаа и во богата музичка програма со настапи на Трето Колено, Доменико Телеса, Мемфис Мафија, Revelation, DJ Bapcu и други изведувачи, создавајќи вистинска фестивалска атмосфера во срцето на планината.
Организаторите вклучија и културно-туристички содржини, меѓу кои водени тури низ Крушево посета во најзначајни музеи во градот. Со својата надморска височина, свежи утра и ѕвездени ноќи, Крушево е идеална дестинација за љубителите на активен одмор и природата. Фестивалот „When in Krusevo“ е уште една потврда дека градот може да биде центар на авантуристичкиот туризам и културни настани со меѓународен карактер.
Покровител на настанот desetdenakrusevska
Фото – When in Krusevo


