| |

ПОКАНА ЗА ЈАВНА ДИСКУСИЈА „СЛОБОДНИТЕ ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ И НИВНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ НА БИТОЛА“

Во среда, на 6 декември 2023, во хотел Милениум (горна сала), со почеток од 12:00 часот, закажана е јавна дискусија на тема: „Слободните индустриски зони и нивното значење за економскиот развој на Битола“, во организација на Локалниот економско социјален совет на Општина Битола, во соработка со Младинскиот културен центар од Битола,

На настанот ќе се отвори дискусија за инфраструктурните предизвици со кои се соочуваат индустриските зони во Битола, можностите за нивно надминување, како и улогата на инвестициите во индустриските зони за стимулирање на нови и подобри работни места, со акцент на задржување на младите луѓе во Битола.

Во воведниот дел, свои обраќања ќе имаат: Мери Нашоку, проект координатор, од МКЦ Битола и Борче Димитровски, заменик претседавач на ЛЕСС на Општина Битола, додека за инфраструктурните предизвици и можните решенија за подобрување на условите за вложување и работа во индустриските зони, ќе зборуваат Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ, Венцо Шишкин, раководител на одделение за економски развој во Општина Битола, Златко Велевски, претставник на Кромберг&Шуберт и Жарко Краус од Конфедерација на слободни синдикати.

Се покануваат сите заинтересирани, кои со свои предлози сакаат да придонесат за унапредување на условите во индустриските зони, да присуствуваат на јавната дискусија и да продискутираат за приоритетите кои треба да се реализираат во следниот период.

Настанот се реализира во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ на МКЦ Битола со поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.

Слични Објави