Денеска се одржа 48-ма седница на Советот на Општина Прилеп
Денеска се одржа 48-ма седница на Советот на Општина Прилеп! И оваа седница можеше да се следи во живо.
59 точки се најдоа на дневниот ред на денешната, редовна, 48-ма седница на Советот на Општина Прилеп. На почетокот на седницата советниците од опозицијата побараа дополнување на дневниот ред со две точки: Извештај за состојбата со организираниот превоз за ученици – средношколци од општина Прилеп и предлог – одлука за финансиска награда на припадниците на ТППЕ – Прилеп за нивниот вложен труд.
За првата предложена дополнителна точка од дневниот ред дискутираше градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој пред советниците ја објасни ситуацијата со тендерската постапка поврзана со јавниот превоз за ученици – средношколци, укажувајќи на тоа дека единствениот превозник кој што има понуда за двете линии кои што во моментов не функционираат од вкупно осум, понудил двојно повисока сума за превоз од предвидените средства и постапката е поништена и веднаш е почната нова тендерска постапка која што во моментов е во тек. Неговиот исказ го потврди и директорката на Гимназијата „Мирче Ацев“ Весна Михаиловска, како носители на оваа јавна набавка, посочувајќи дека понудата се однесува само за две превозни линии, а шест функционираат од почетокот на учебната година и дека сите средношколци од населените места ја посетуваат редовната настава во средните училишта во Прилеп.
По предлог – точката за наградување на пожарникарите од ТППЕ – Прилеп беше предложено поединечно гласање на советниците, а од страна на претседателката на Советот беше предложено дека по однос на ова, Секторот за финансии заедно со комисијата за финансирање и буџет да направат анализа и финансиска конструкција за можностите кои ги има ЕЛС Општина Прилеп и за начинот и сумата со која што ќе бидат наградени пожарникарите од ТППЕ-Прилеп, притоа искажувајќи јавна благодарност за нивниот вложен труд и пожртвуваност за време на пожарите во Прилеп и околните општини. Оваа точка беше образложено и изгласано дека нема да биди дел од денешната седница.
Советниците според дневниот ред дискутираа по предлог – квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за втор квартал од 2024 година, и по предлог – одлуката за давање согласност на Годишниот план за вработување во 2025 година на ЕЛС Општина Прилеп .
Мнозинството советници на денешната седница дадоа согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Водовод и канализација”-Прилеп, за период од 01.04.2024 година до 30.06.2024 година, на Годишниот план за вработување во 2025 година, на ЈКП ,,Водовод и канализација”-Прилеп, на Ценовник на услуги за извршување на работи од страна на ЈКП ,,Водовод и канализација“-Прилеп, за потребите на ЕЛС Општина Прилеп, без примена на одредбите од Закон за јавни набавки.
Беа одобрени и тримесечните извештај за финансиското работење на: ЈКП Комуналец-Прилеп за период од 01.04.2024 година до 30.06.2024 година, тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП Пазари-Прилеп за истиот временски период, тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈП за ПУП-Прилеп и тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп и беше дадена согласност за годишните планови за сите овие јавни претпријатија и за измена и дополнување на годишниот план за вработување во 2025 година. Советниците ги разгледаа и дадоа согласност и на Одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ЈОУДГ ,,Наша иднина’’Прилеп, согласност на годишниот план за вработување во 2025 година на ЈОУДГ,,Наша иднина’’-Прилеп и на ЈОУ Градска библиотека ,,Борка Талески’’-Прилеп.
На денешната седница беа разгледани и усвоени предлог-одлуките на годишниите планови за вработување во сите основни и средни училишта за учебната 2025 година и годишните програми за работа на сите средни општиниски училишта.
Советниците дадоа согласност и на десетина предлог-одлуки за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправни објект, усогласување на намената од Д2-заштитно зеленило и донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената од Д4 – меморијални простори во намена А1-1 домување, по барање на физички лица.