|

Мариовско–Мегленските културни средби во манастирот „Свети Илија“ Мелница – се одржаа по 38ми пат

Со богата културно уметничка програма, по 38-ми пат се одржаа Мариовско–Мегленските културни средби во манастирот „Свети Илија“ – Мелница, во организација на Здружението „Мариовско-мегленски културни средби“ од Прилеп.

Со овие средби се негува фолклорното и културно наследство на регионите. Присуствуваат жители од Прилеп и цела Македонија, локалното население и бројни учесници во културно-уметничката програма. Целта и значењето на манифестацијата е зближувањето на жителите од двата региона, Мариово и Меглен, средба на оние кои се иселиле, а засекогаш ќе бидат врзани за родниот крај, како и културна размена во пошироки рамки.

„ Заедно со претседателката на Советот на Општина Прилеп и присутните гости, со задоволство го проследивме колоритот од народни носии, македонски ора и песни, кои што потсетуваа на едни времиња кога Мариово беше многу поживо.

Со негувањето на културните традиции го истакнуваме македонскиот идентитет и исто така се трудиме и да го промовираме Мариовскиот регион како извонреден потенцијал за развој на руралниот туризам.

Овие средби за одржување на контактите помеѓу македонскиот народ, се од суштинско значење како за Мариовскиот регион и за општина Прилеп така и за Република Македонија.“ изјави градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески

Слични Објави