Повик за надомест на штета – Општина Битола
Поради снежните врнежи и ниските температури кои ја зафатија Општина Битола во периодот од 5 до 8 април 2025 година, и предизвикаа сериозни штети врз овоштарниците и другите земјоделски култури, од Општина Битола информираат дека граѓаните може да поднесат барање за надомест на штета.
Барањето се поднесува на шалтерите во Општина Битола, а формуларот може да се преземе и онлајн на официјалната веб-страница на општината:
🔗 www.bitola.gov.mk/nadomest-na-steti
Во прилог на барањето потребно е да се достави:
– имотен лист/доказ за сопственост
– фотографии од претрпената штета
– копија од лична карта
– број на трансакциска сметка
Врз основа на доставените барања, комисија од Општина Битола, ќе врши проценка на штетите на терен.
Од Општината информираат дека комисија формирана за оваа намена ќе излезе на терен и ќе врши проценка на штетите врз основа на доставената документација.
Барањата ќе се примаат од понеделник, 14 април, до среда, 23 април 2025 година, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.