Отворен Младински Центар во Кривогаштани
Денес во општина Кривогаштани свечено беше отворен Младинскиот Центар Кривогаштани, на отворањето присуствуваа Амбасадорката на Кралството Холандија Узлем Џанел, градоначалникот на општина Кривогаштани Николче Мискоски, претставници од Урбано Гнездо Кривогаштани и Про Локал.
Центарот ќе претставува катче за млади, каде младите ќе имаат можност за собири, неформално образование, заедничко планирање и секако дружби.
Катче, место каде ќе можат да се дружат, продуктивно да го користат слободното време а секако и една од најважните работи просторот “остров” кој ќе помогне младите заедно да креираат активности и предлози кои ќе ги упатуваат до локалната самоуправа.
„Општината секогаш ќе инвестира во младите, ќе ги подржува и ќе ги помага, затоа што тие се иднината. Кривогаштани е лидер во регионот кога станува збор за спроведување на Законот за младинско учество и младински политики.“ изјави градоначалникот Николче Мискоски.