|

Дариус Конџи добитник на Златна Камера 300 за животно дело на „Браќа Манаки“

Во рамките на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва беше доделено највисокото признание на фестивалот – Златна Камера 300 за животно дело. Годинашниот лауреат е легендарниот кинематографер Дариус Конџи, познат по својата богата филмографија и визуелни ремек-дела.

Наградата му ја врачи министерот за култура Зоран Љутков, а на церемонијата во Пионерскиот дом во Битола присуствуваше и градоначалникот Тони Коњановски, кој на Конџи му додели посебна плакета со македонски орнамент.

Конџи е роден во Иран, а израснал во Париз, каде уште од рана возраст ја развива љубовта кон киното и театарот. Неговата кариера опфаќа култни наслови како „Седум“ со Бред Пит и Морган Фримен, „Полноќ во Париз“, „Седум години на Тибет“, „Евита“ и многу други.

Слични Објави