д-р Златко Јаков по 11 години работа во Германија се врати да работи во Прилепската болница

После 11 години работа во Германија, хирургот д-р Златко Јаков се врати во Прилепската болница, каде претходно работел 10 години. Тој ја искажа својата благодарност за можноста да се врати и да ја примени стручноста стекната во странство, како и задоволството да работи со својот народ.

Јаков рече дека речиси три месеци помага на Хирургија, со дежурства, а чека официјално да биде преземен и да почне да работи.

„Нормално, тука се сите други предности кои ги нуди татковината. Парите се доволни, стилот на живот е задоволителен, а задоволството од работата со домашните колеги е огромно“, изјави Јаков, додавајќи дека неговото искуство од Германија ќе му помогне да се врати во родната земја и да ја подобри здравствената услуга.

На новинарско прашање што го натерало да се врати дома, д-р Јаков рече: „Тоа е задоволството да се работи со свој народ, да се покаже стручноста која се стекнала, да се примени и да се сподели со колегите, сопствениот дом… Го земав најдоброто од Германија, но сакам да го прикажам тука. Овде се компензира со индивидуалност, со натчовечки напори и вредности кои сите ги препознаваат кога ќе појдеме надвор.“

Организацијата е таа што ги движи работите напред, дека може да се организираме сум повеќе од убеден, гледам луѓе кои се вредни, останале тука, значи верувале во нешто. Никој не е подобар од нас, немајте дилема, дури и обратно можам да кажам, штом од нас зависат, ние одиме таму, многу работиме, многу сметаат на нас, не е можно дома да не се организираме и да бидеме добри исто така. Никој не е подобар од нас, иако многу работиме и многу сметаат на нас во странство. Не е можно дома да не се организираме и да бидеме добри исто така“, заклучи Јаков.

Слични Објави