Ново поглавје за младите: Локалниот младински совет започна со работа
Локалниот младински совет (ЛМС) и официјално започна со работа. Во неговиот состав се Марија Котеска, Зоја Кардула, Марта Кузманоска, Цветанчо Стојаноски и Зоран Кузманоски, кои ќе работат за и со младите во општината.
Поддршка на ЛМС ќе дава Локалното собрание на млади, кое на првиот состанок имаше свои претставници – претседателот Петар Донку и членот Теодор Николоски.
Службеникот за млади ја истакна својата поддршка за работата на ЛМС и се заблагодари што Локалното собрание на млади останува активно и по изборот на новиот совет.
Членовите на ЛМС веќе имаат подготвено свои идеи кои, како што најавија, ќе ги обединат во заеднички план за поголемо вклучување на младите во локалните процеси.



