ЈАВЕН ПОВИК за евиденицја на приватни збирки на книги на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп
Врз основа на Годишната програма за работа на НУ Завод и Музеј – Прилеп за 2023 год., бр. 01-86/6 од 24.03.2023 год. и чл. 10 од Статутот на НУ Завод и Музеј – Прилеп, НУ Завод и Музеј – Прилеп објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за евиденицја на приватни збирки на книги
на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп
I. Опис на јавниот повик
1.1 Со Договор за учество во финансирање на Годишната програма за работа на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп за 2023 година од областа на библиотечната дејност бр. 30-1949/1 од 02.03.2023 год. е учество во финансирање на проектот: „Евиденција на приватни збирки“.
1.2 Голем број на прилепчани во своите домови имаат големи библиотеки и вредни изданија, а целта на овој Јавен повик е да се поттикнат граѓаните на Oпштина Прилеп да ги пријават своите приватни збирки на книги, како би можеле да ги евидентираме и оние кои досега не се познати за јавноста.
II. Дополнителни информации
2.1 Контакт за пријавување и прашања во врска со Jавниот повик може да се добијат кај раководителот на проектот: Биљана Темелкоска на моб. тел.: 075 288 602 или на e-mail: biljana_temelkoska@yahoo.com.
2.2 Јавниот повик е објавен во печатените медиуми: Неделник Зенит, Нова Македонија, Вечер, на Радио Пела, на веб страната на НУ Завод и Музеј – Прилеп https://www.muzejprilep.org.mk/javni-povici.html, на социјалната мрежа facebook.com /zavodimuzejprilep/ и на огласна табла во НУ Завод и Музеј – Прилеп.