|

Прекин на сите линии на јавниот градски превоз во Прилеп поради технички проблем

Поради настанати технички проблеми, сите три линии на јавниот градски превоз во Прилеп денеска по 15:00 часот се во целосен прекин и нема да сообраќаат до крајот на работното време, информираат надлежните.



Истиот прекин ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, сè до целосно отстранување на дефектот.

Граѓаните дополнително ќе бидат навремено информирани кога повторно ќе започне сообраќањето на линиите.

Слични Објави