Инцидент во Тризла: Осомничен нападнал полицајци и им го одзел службениот пиштол!

Сериозен инцидент се случи денеска околу 15:47 часот во прилепската населба Тризла, кога полициски службеници од ОВР Прилеп се обиделе да приведат лице по наредба од Основниот суд Прилеп.

Според официјалните информации, осомничениот С.К. физички нападнал полициски службеници и му го одзел службениот пиштол на еден од нив, по што се дал во бегство. Во моментот на инцидентот, на местото се собрало и поголемо множество граѓани кои, според полицијата, упатувале закани и навреди кон службените лица.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и за пронаоѓање на сторителот, кој е во бегство. Дополнителни детали за инцидентот се очекуваат по завршување на истрагата.

Слични Објави