Горан Дамевски од ПСК „Пелистер“ го искачи легендарниот Матерхорн – симболот на Алпите
Членот на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ од Битола, Горан Дамевски, го освои еден од најпознатите и највеличествени врвови во светот – Матерхорн, кој со својата импресивна форма е вистинска икона на Алпите. Матерхорн, висок 4.478 метри, се наоѓа на границата меѓу Швајцарија и Италија, над живописното село Цермат (Zermatt) во швајцарскиот кантон Валис и Брело-Червинија (Breuil-Cervinia)…


