Победа ќе го пречека Силекс на Градски
Младите категории на ФК Победа (Прилеп) и ФК Силекс (Кратово) утре (недела) ќе одиграат два првенствени натпревари на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Иако младинските лиги најчесто се играат на игралиштето со вештачка трева, овојпат дуелите ќе се преселат на главниот терен.
Првиот меч, од 3. коло на Втората помлада пионерска лига, ќе се одигра во 13 часот, а вториот, од 3. коло на Втората пионерска лига, започнува во 15 часот.
Кај помладите пионери, Победа е лидер на табелата со 6 бода, додека Силекс е трет со 4. Кај пионерите ситуацијата е обратна – Силекс е втор со 6 бода, а Победа третa со 4.
Во меѓувреме, другите возрасни категории на двата клуба денеска (сабота) играат во Кратово, на Градскиот стадион „Мусала“ – кадетите од 13 часот, а младинците од 15 часот.


