|

Отворен меморијалниот одбојкарски турнир во чест на Тодор Ѓоргиески – Тодорче

Крушево викендов повторно го покажа својот спортски дух и големо срце. Со свечена церемонија беше отворен Меморијалниот одбојкарски турнир посветен на Тодор Ѓоргиески – Тодорче, човек кој остави неизбришлива трага во одбојкарскиот спорт и во локалната заедница.

Турнирот, кој собра бројни учесници и љубители на одбојката, има за цел не само да ја оддаде почит на Тодорче, туку и да ја продолжи неговата мисија – развој и промоција на спортот меѓу младите. Организаторите истакнуваат дека Тодорче беше симбол на чесност, упорност, тимски дух и љубов кон спортот.

Општина Крушево, како домаќин на настанот, најави дека ќе продолжи да инвестира во спортот и младите генерации, бидејќи токму тие се носители на иднината на градот. Меморијалниот турнир ќе се одржува традиционално, со надеж дека ќе инспирира нови генерации одбојкари и ќе ја зацврсти спортската култура во Крушево и пошироко.

Слични Објави