|

Најголемиот фудбалски настан во градот под Тумбе Кафе во последните 30 години – Вечерва натпревар помеѓу Македонија U21 и Италија на стадионот „Петар Милошевски“

Вечерва на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе се одигра квалификацискиот натпревар за Европското првенство помеѓу младинските репрезентации на Македонија и Италија. Ова е најголемиот фудбалски настан во градот под Тумбе Кафе во последните 30 години, а подготовките беа реализирани со максимална посветеност од Општина Битола, Фудбалската федерација на Македонија и ФК Пелистер.



Во изминатиот период, стадионот беше доуреден и прилагоден на стандардите на Европската фудбалска унија (УЕФА), а по успешната инспекција доби лиценца за втора категорија, што овозможува да биде домаќин на меѓународни натпревари од високо ниво.

Овој успех е резултат на координираната работа на Општина Битола и јавните претпријатија, заедно со ФФМ и ФК Пелистер, со што се обезбедија сите услови за еден спектакуларен спортски настан.

Организаторите упатуваат повик до граѓаните масовно да дојдат и да ја поддржат младата македонска репрезентација. „Вечерва Битола е центар на европскиот фудбал и сите заедно можеме да испишеме нова фудбалска историја,“ порачаа тие.

Слични Објави