Златко Карчески од Прилеп – национален скајранинг шампион 2025!
Со завршувањето на трката „Peshtani Extreme VK“ официјално беше комплетирана првата македонска Skyrunning лига, составена од пет натпревари. Големиот победник и прв национален скајранинг шампион за 2025 година е прилепчанецот Златко Карчески, кој со извонредни резултати ја освои титулата.
Неговиот настап во текот на целата сезона изгледаше вака:
- 🥇 Chupino Trail VK – 1. Место
- 🥇 Ljuboten Skyrace – 1. Место
- 🥇 Peshtani Extreme Vertic – 1. Место
- 🥈 Ohrid Ultra-Trail Galichica Ultra – 2. Место
- 🥈 Titov Vrv SkyRace – 2. Место
Со три победи и две втори места, Карчески ја обезбеди највисоката позиција на табелата и историскиот трофеј од првата македонска скајранинг лига.
„Ни во најлудите соништа не мислев дека ова е возможно. Многу сум среќен и благодарен – ова признание навистина ми значи,“ изјави шампионот, кој со насмевка и возбуда додаде дека рацете му се треселе додека ја споделувал радоста.
Македонија со ова добива свој прв официјален скајранинг шампион, а Златко Карчески од Прилеп е доказ дека со посветеност и страст кон планината – невозможните соништа стануваат реалност.



