Александра Најдоска петта на Европскиот куп во џудо во Скопје
Во спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје викендов се одржа Европскиот куп во џудо за сениори 2025. На турнирот настапија 265 натпреварувачи од 31 земја и три континенти, што го прави едно од најголемите спортски случувања во регионот.
Прилепчанката Александра Најдоска од џудо клубот „Сеишин“ се пласира на 5-то место во категоријата +78 кг – голем успех со оглед на силната меѓународна конкуренција. Со овој пласман таа се вброи меѓу најдобрите џудистки на турнирот и стекна значајно искуство на европската сцена.
Од истиот клуб настапи и Михаил Стојановски, кој иако не обезбеди пласман, доби вредно искуство од турнирот. Настанот ја потврди силната поддршка на публиката и заедништвото меѓу македонските џудисти, кои покажаа дека џудото има светла иднина во нашата земја.



