|

„Пелистер Вајб 2025“ – Независност со авантура и музика на Пелистер

Овој понеделник, на 8 септември – Денот на независноста, Пелистер ќе биде центар на авантурата и музиката. Настанот „Пелистер Вајб 2025 – Сплотени во адреналин“ ќе се одржи пред Инфо-центарот на Пелистер, кај симболичната „мечка“, со почеток од 12 часот.

Посетителите ќе имаат уникатна можност да прослават во природата со богата музичка програма, во која настапуваат NIKIFOR, Elena Ivanoska, Kotex и Shvaba, а за дополнителна возбуда ќе биде активен и Адреналинскиот Парк. Паркот ќе функционира од 12 до 16 часот и нуди содржини за најмладите, но и за најискусните авантуристи.

Билетите се по промотивни цени – 300 денари за возрасни и 100 денари за детската секција.

За добрата атмосфера ќе се погрижат и баровите и угостителските пунктови – Бар Општина, Училница, Камарите, Де Ниро и Конец, кои ќе понудат пијалаци и вкусна храна.

„На Пелистер, каде што височините се предизвик, а стравот се претвора во сила, ќе го почувствуваме вистинското значење на независноста. Овој настан е повик до сите да дишат, да се ослободат и да прослават,“ истакнуваат организаторите.

Со „Пелистер Вајб 2025“, Денот на независноста ќе добие нова димензија – празник на музиката, авантурата и заедништвото во срцето на планината.

Слични Објави