„Че Трчаме 2025“ – Прилеп трча заедно
Утре, недела, со почеток во 09:00 часот, во центарот на Прилеп ќе се одржи најмасовната градска трка „Че Трчаме 2025“.
На патеките долги 5 и 10 километри ќе настапат околу 900 учесници – професионални спортисти, рекреативци и љубители на спортот од различни делови на државата.
Настанот има цел да ја поттикне спортската култура, здравите навики и заедништвото, а организаторите очекуваат голема поддршка и од прилепската публика, која традиционално создава спортска атмосфера за учесниците.
Општина Прилеп порачува дека сите граѓани се добредојдени да бидат дел од спортскиот настан и да ја покажат препознатливата енергија на градот.



