ПЕЛИСТЕРЦИ СО ПЕХАРОТ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ
По освојувањето на шампионската титула за сезоната 2023/2024 година, ракометарите на Еурофарм Пелистер имаа прием кај градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Градоначалникот истакна дека Битола веќе втор ден живее со ракометната еуфорија, која што започна во саботата вечерта, по победата на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер над Алкалоид. „Особена чест и задоволство е да се…


