КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО с.ДОБРУШЕВО – Решавање повеќедецениски проблеми на жителите
Според планираните програми и проекти во општината Могила во овој период се споведуваат активности од изградбата на канлизационата мрежа во с. Добрушево.
„Изградени се краци од фекална канализациона мрежа со приближна должина од 2 000 метри, а наскоро продолжуваме со доизградба на краци се до целосна реализација.
Се решаваат повеќедецениските проблеми на жителите, продолжуваме со градежни активности со цел подобрување на условите на живот на жителите во општината.“ Изјави Драганчо Саботковски – градоначалник на општина Могила