22 Интернационален театарски фестивал “Актерот на Европа” од сабота во „Сарај“ Ресен

Во сабота 06.07. 2024, во 21:00 часот во „Сарај“ Ресен започнува 22иот Интернационален театарски фестивал “Актерот на Европа”.
Првиот фестивал Актер на Европа е покренат во 2003 година, од повеќе балкански и европски театарски ентузијасти, во духот на поимот ан Моне „Да се создаде Европа е да се создаде мир“. Кога Европскиот парламент го прогласи митското Преспанско Езеро за Европски транснационален парк што го делат Грција, Албанија и Македонија, тој стана нов театарски хоризонт на европеизација на Балканот.
Програма
06.07.
Официјално отворање на фестивалот, 21:00 Локација „Сарај“ Ресен
– Говор на Градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски
– Говор на Претседателот на фестивалот Јордан Плевнеш- Прогласување на Ива Јанжурова (Чешка) за Актерка на Европа 2024 – Награда за животно дело
– Ива Јанжурова (Чешка) – Актерка на Европа (видео презентација и обраќање)
– Говор на Амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва
– Специјален омаж за Мето Јовановски – Долгогодишен Претседател на интернационлалното жири
– Прогласување на добиниците на Клучевите на Преспа:
– Амбасадорот Ристо Никовски ,
– Бошко Пелистерски-Рајчовски, поет
– Прогласување на добитниците на Големата Повелба „Балканот – Срцето на Европа“:
– Јордан Ѓорчев
– Павлос Васкопулос Филипов
– Сулејман Рушити
07.07.
Локација „Сарај“ Ресен, 21:00
Сите најубави работи (Македонија)
ОХО Продукција
Продуцент: Пеце Талески
Текст според мотиви од Данкан Мекмилан
Режија: Дејан Пројковски
Настапува: Игор Ангелов
08.07.
Локација „Сарај“ Ресен, 21:00
Шекспирови сонетни раковети (Србија)
според мотиви од Вилијам Шекспир
Факултет за современи уметности – Белград
Авторски проект на Биљана Ѓуровиќ
09.07
Локација „Сарај“ Ресен, 21:00
Светозар Трети(БИХ)
Продукција: НАС театар
Текст: Љиљана Браловиќ
Режија: Михаило Костадинов
Настапува: Иван Перковиќ
10.07.
Локација „Сарај“ Ресен, 21:00
Арка –бокс (Косово)
Продукција: АКТ, Приштина,
Текст, режија: Ментор Зуберај
Настапува: Ментор Зумбрај
11.07.
Локација „Сарај“ Ресен, 21:00
Женски разговори (Холандија)
Текст: Душан Радовиќ
Режија: Маргарета Табороши
Настапува: Оља Лопушански
Свечено затворање и доделување на наградите
- ПОВЕЌЕ ЗА ФЕТИВАЛОТ – Првиот фестивал Актер на Европа е покренат во 2003 година, од повеќе балкански и европски театарски ентузијасти, во духот на поимот ан Моне „Да се создаде Европа е да се создаде мир“. Кога Европскиот парламент го прогласи митското Преспанско Езеро за Европски транснационален парк што го делат Грција, Албанија и Македонија, тој стана нов театарски хоризонт на европеизација на Балканот. Духовната церемонија со бисери од грчката, македонската и албанската интелектуална и книжевна традиција е симболичка вертикална, слична на „Потпорната точка на Архимед“. Преспа стана потпорна точка која има за цел да ги претвори балканските трагедии од минатото и сегашноста во театарска естетика што може да послужи како пример за идејата дека театарот и убавината ќе го спасат светот. Првиот визионер на овој чин беше францускиот писател со интерконтинентална биографија Жак Лакариер. Неговиот митски текст Илјадници денови и само едно утре го направи вечен ангел чувар на духот на Актерот на Европа. Овој историски текст објавен во Le Figaro, парискиот весник, ги отвори портите на Преспа, широко познати по своите подводни антички палати, за своите римски мозаици, за едно од најмистериозните средновековни ракописи Тајната книга на Богомилите, за Цар Самоил, Владимир и Косара, за фреската на Ангелот од Курбиново, како и безбројните ноќни пеперутки и ендемични растенија на Галичица како вистински био, еко и театарски spiritus movens, од стотици актери кои доаѓаат од Европа, Медитеранот и од цел светот, со цел да се одбрани вечноста на театарот како огледало на животот.
Меѓународниот театарски фестивал Актер на Европа се одржува секоја година, во периодот од 6 до 11 јули, на бреговите на Преспанското Езеро. Затоа, овој фестивал се етаблира како една од најважните културни настани во регионот на Преспанското Езеро, како и на Република Македонија. На овој фестивал учествуваа многу еминентни актери и актерки од националните, регионалните и меѓународните театри, како Љуба Тадиќ, Кетрин Давид, Мариус Куркински, Зијах Соколовиќ, Димитри Орготска, Рада Ѓуричин, Мариус Кабаши, Јоана Поповска, Бајруш Мијаку, Костас Гакидес , Татјана Ламеш, Џин Лестер, „Белма Лист – Дакур, Елизабета Ѓуровска, Моника Санторо, Ментор Зумберај, Крикор Азаријан, Градимир Гојер, Дино Мустафиќ, Дамир Домитровиќ, Вера Мујовиќ, Нико Горшиќ, Сенка Булиќ, Ирина Евдокимова …
Традиционално, добредојдениот три јазичен говор на церемонијата на отворање ќе биде во дух на културна соработка меѓу Македонија, Албанија и Грција; трите јазици за кои се зборува во регионот на Преспанското Езеро, т.е. македонски, албански и грчки, што е симболичен начин за бришење на границите околу езерото барем за момент. – Извор