Битола во боите и звуците на младите
Завршен настан на проектот „Ехо на уметноста: мелодиите на Битола“ – музика, уметност и младински активизам
Младите уметници од Битола и нивните таленти ќе бидат во центарот на вниманието на уникатниот музички и уметнички настан што ќе се одржи на 23 ноември 2024 година. „Ехо на уметноста: мелодиите на Битола“ е проект што ги обединува младите уметници и љубителите на уметноста во едно инспиративно искуство, каде што музиката, креативноста и младинскиот активизам ќе бидат во фокус.
На настанот, што ќе се одржи од 11:00 до 14:00 часот во Europe House ‒ Битола (Офицерски дом), ќе имате можност да уживате во:
- Музички настапи на млади талентирани изведувачи
- Изложба на дела на младите уметници од Битола
- Дебата на тема „Младински активизам преку уметност“
- Простор за креативно изразување и дружење
Проектот „Ехо на уметноста: Мелодиите на Битола“ на Младински културен центар ‒ Битола се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Овој настан е одлична можност за промоција на младинскиот талент и ангажман. Дојдете да ја поддржите креативноста на младите и уживајте во нивното инспиративно изразување!