|

Прилеп го посети амбасадор и пријател

Денес Прилеп го посети неговата екселенција Кшиштоф Гжелчик амбасадор на Полска во Македонија, и се сретна со градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески. Исто така, амбасадорот ги посети и ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ и Музејот за Тутун.

Оваа посета и средби се дел од Месецот на промоцијата на дела на полската книжевност во библиотеките во Македонија, а се работи за дела издадени на полски јазик, кои се преведени на македонски јазик.

Исто така овие средби беа искористени да се поттикне меѓусебната соработка на градовите, стопанските и институционални субјекти од Полска и Македонија во областа на туризмот, економијата, културата и други области, кои се чинат интересни за сите страни.

Денес Прилеп се потруди да се презентира во најдобро светло, посебно заради тоа што соработката во областа на музеологијата и археологијата е со мошне стар датум, а значајни личности од Полска, како што беа д-р Тадеуш Полак и д-р Јозеф Обремски, оставија траен белег во овие области, меѓу кои е и Музејот за тутун, кој е осмислен и опремен со експонати благодарејќи на соработката и пријателството на нашиот Бошко Бабиќ, како директор на Народниот музеј – Прилеп и Тадеуш Полак, како директор на ПКЗ, кој бил еден од најголемите конзервторски центри во светот.

Тоа е и причината што на сите луѓе, кои ја познаваат историјата на меѓусебната завидна соработка, посетата на Полскиот амбасадор во Македонија им носи радост и задоволство и надеж дека повторно ќе бидеме толку многу блиски на конкретни проекти, во кои ќе работат пријатели.

Слични Објави