| |

(видео)Мермерен Комбинат Прилеп со значајна донација за детските градинки „Наша иднина“

Денес, Мермерен комбинат Прилеп ја реализираше својата најнова општествено одговорна активност преку донација на неопходна опрема за детските градинки „Наша иднина“. Донацијата вклучува шест клима-уреди, печатачи, сушална, ламинатни подови и шкафчиња – опрема која директно ќе придонесе за подобри услови за престој, учење и развој на најмладите.

Од компанијата истакнаа дека вложувањето во градинките претставува вложување во иднината на целата заедница. На настанот беше изразена благодарност до директорката Христина Трпческа за нејзината посветеност, како и до градоначалникот Дејан Проданоски за соработката при реализацијата на донацијата.

Од Мермерен комбинат нагласија дека ова е само дел од континуираната поддршка што компанијата ја дава на локалната заедница, и дека ќе продолжат со активности кои носат придобивки за граѓаните на Прилеп.

Очекувањата се дека донираната опрема ќе им служи на децата и воспитно-образовниот персонал многу години, создавајќи потопла, побезбедна и поквалитетна средина во градинките „Наша иднина“

Дечињата се заблагодарија со убава приредба и рачно изработен мозаик.

Слични Објави