Детска ЕПТЕН мини велосипедска трка во Прилеп на 1 ноември
Рекреативна велосипедска трка за деца од 3 до 5 години во организација на „Нови Маркови Внуци“

На 1 ноември 2026 година (недела), со почеток во 11 часот, ќе се одржи детската мини велосипедска трка, наменета за најмладите љубители на велосипедизмот, на возраст од 3 до 5 години.
Настанот има рекреативен и забавен карактер, со цел најмалите да поминат убаво време, да уживаат во возењето велосипед и уште од најрана возраст да ги развиваат љубовта кон спортот и здравите навики.
Трката ќе се одвива на булеварот, на патеката предвидена за овој настан. Стартот е пред „Камена бина“, по што учесниците ќе возат до рекламите предвидени како целна точка, а потоа ќе се вратат назад. Вкупната должина на патеката изнесува 370 метри, при што првиот дел е наменет за вештина, а вториот за брзина.
Организаторите најавуваат бесплатно учество за сите деца, а секој учесник ќе добие соодветна награда за своето учество. Предвидена е употреба на тркала во сите варијанти, со што се овозможува вклучување на најмалите според нивните можности.
Пријавувањето се врши на телефонскиот број 079/323-749, најдоцна до 29 октомври 2026 година.
Со ваквите активности, „Нови Маркови Внуци“ поттикнуваат дружење, рекреација и развивање на спортскиот дух кај децата, создавајќи можност најмладите да бидат дел од забавен и активен настан.
Организаторите ги повикуваат родителите да ги пријават своите деца и да им овозможат незаборавно велосипедско доживување.


