| |

Протестен марш во Битола на 8 Март: „Ниту една жртва повеќе“

Граѓанската иницијатива „Заедно Сме Посилни“ ги повикува сите граѓани да се приклучат на мирен протестен марш кој ќе се одржи на 8 март во 12:00 часот на Плоштад Магнолија во Битола.

Организаторите порачуваат дека годинава Меѓународниот ден на жената нема да се одбележува со цвеќе и честитки, туку со тишина и порака против насилството.

Со мирен протест и минута молк ќе им се оддаде почит на сите жени и деца кои ги загубиле своите животи како жртви на семејно насилство.

Од иницијативата ги повикуваат невладините организации, граѓанските иницијативи, активистите и сите граѓани на Битола да се приклучат и заедно да испратат јасна порака:

„Ниту една жртва повеќе. Ниту едно дете повеќе.“

„Молкот е наша почит – но и наш протест. Да покажеме дека општеството не смее да молчи кога има насилство“, велат организаторите.

Собирот е закажан на Плоштад Магнолија во Битола, на 8 март со почеток во 12:00 часот.

Слични Објави