Граѓаните навремено да ги исчистат каналите и одводните површини пред своите домови – Општина Кривогаштани со апел

Општина Кривогаштани упати апел до граѓаните навремено да ги исчистат каналите и одводните површини пред своите домови, со цел да се овозможи непречено одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплави во пресрет на есенската и зимската сезона.

Од локалната самоуправа посочуваат дека отстранувањето на наносите од земја, паднатите лисја, отпадот и другите материјали е особено важно во периодот кога се очекуваат почести врнежи од дожд и можност за зголемување на водостојот.

„Со отстранување на наносите од земја, лисја, отпад и други материјали ќе се овозможи непречено истекување на атмосферските води и ќе се намали ризикот од задржување на водата, поплавување на дворовите и оштетување на имотот“, се наведува во апелот на Општина Кривогаштани.

Оттаму нагласуваат дека проодните и чисти канали се од заеднички интерес и придонесуваат за поголема безбедност и заштита на имотот на сите жители.

Општината ги повикува граѓаните да постапат навремено и одговорно, нагласувајќи дека со редовно одржување на одводните површини може да се спречат потенцијални проблеми предизвикани од обилните врнежи и да се обезбеди поефикасно одведување на атмосферските води.

„Чистите и проодни канали се од заеднички интерес и придонесуваат за поголема безбедност и заштита на сите граѓани“, порачуваат од Општина Кривогаштани.

Слични Објави