Албански државјанин приведен поради предизвикување пожар во прилепско
Полициски службеници лишиле од слобода 38-годишен државјанин на Албанија, откако бил затекнат како предизвикува пожар на сува трева на отворен простор во прилепско.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 23 октомври, во 14:20 часот, на местото викано „Коливади“, во атарот на селото Житоше.
Лицето со иницијали М.Џ. било приведено од полициски службеници од Полициското одделение Ропотово. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а за случајот бил известен и јавен обвинител.
Приведениот бил предаден во ОВР Прилеп. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик, за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“.


