| |

Јавен повик за финансирање проекти за млади за 2025 година

Општина Битола објави Јавен повик за доделување на финансиски средства за 2025 година, наменети за поддршка на проекти за млади. Вкупната сума за грантови е 550.000 денари и ќе биде распределена на младински организации и организации за млади кои ќе спроведуваат активности за младите. Јавниот повик трае до 14 април 2025 година.

„Предмет на јавниот повик е доделување на финансиски средства на младински организации и организации за млади за спроведување на проекти и активности за младите од Општина Битола за 2025 година.

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Битола согласно Програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општина Битола за 2025 година во висина од 550.000,00 денари (петстотини и педесет илјади) се врши преку грантови за проекти за млади.

Јавниот повик ќе трае 10 (десет) работни дена, сметано од денот на објавувањето заклучно со 14 април 2025.

Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/proekti-za-mladi/.

Слични Објави