Граѓани реагираат – Градските гробишта обраснати со трева пред Дуовден
Тим на ОТВ беше на Старите и Градските гробишта во Прилеп, по пријава од граѓани дека тревата не е искосена пред празниците Спасовден и Дуовден.
На терен беше забележано дека дел од гробните места и патеките се обраснати со трева, што ја отежнува посетата. Ова е период кога граѓаните ги посетуваат гробовите на своите блиски и вршат подготовки за Дуовден.
Граѓаните потсетуваат дека плаќаат месечно по 60 денари од гробно место, кој според нив треба да гарантира минимално одржување на просторот.
Очекуваме дека надлежните институции – Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ ќе го уредат просторот од Старите и Градските гробишта во Прилеп, особено во пресрет на празничните денови.



