ИКОНА И ПАРИЧНА НАГРАДА ЗА СРЕЌНИОТ ИВАН ОД БИТОЛА
15 годишниот Иван Миовски кој е ученик во прва година во општинското средно економско училиште „Јане Сандански“, раскажа за своето прекрасно искуство од учеството на традиционалното фаќање крст.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше средба со дел од учесниците во традиционалната манифестација фаќање на Светиот крст, која се одржа вчера во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, по повод Водици.
Со желби за многу здравје, среќа и успех, младиот Миовски доби парична награда во износ од 20.000 денари и икона од Заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“.