„Тишината меѓу нас“ – разговор за менталното здравје и благосостојбата на мажите

Здружението за унапредување на здравјето „Филип Лукароски“ од Прилеп организира промоција на публикацијата и истражувањето „Тишината меѓу нас“, посветени на менталното здравје и благосостојбата на мажите.

Настанот ќе се одржи во вторник, 22 септември, со почеток во 19 часот, во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп.

Публикацијата и истражувањето отвораат важни прашања поврзани со менталното здравје на мажите, нивните предизвици, потребата од отворен разговор и создавањето средина во која грижата за психичката благосостојба ќе биде прифатена како важен дел од здравјето.

Од здружението упатуваат покана до граѓаните, институциите, професионалците и сите заинтересирани да бидат дел од настанот и да придонесат кон разговорот за теми за кои често се молчи.

Настанот е во организација на Здружението за унапредување на здравјето „Филип Лукароски“ – Прилеп.

Слични Објави