Во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2024/2025 година  

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната 2024/2025 година.  

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:  

  • за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
  • за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
  • за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
  • за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година. 

Слични Објави