| |

Земјоделците револтирани: „Наместо на нива, ќе дежураме на бензинска“

Реакциите на земјоделците на социјалните мрежи не стивнуваат откако бензинските пумпи почнаа да точат гориво исклучиво директно во тракторите, без можност за полнење во канистри.



Според нив, ваквата пракса создава сериозни проблеми во текот на работниот ден. Велат дека мора да оставаат доволно гориво за да стигнат до бензинската пумпа, што значи изгубено време, дополнителни трошоци и прекин на работата на нива.

Во коментарите има и доза сарказам. Дел од земјоделците се шегуваат дека, ако вака продолжи, ќе треба да ги носат и моторните пили, косилките и другата механизација директно до бензинските пумпи за да наполнат гориво.

„Ќе направиме колона од трактори, пили и косилки пред пумпите“, велат револтираните земјоделци, оценувајќи дека мерката претставува сериозен удар врз нивната работа.

Слични Објави