Историски момент за македонската наука: Нов хемиски параметар именуван по македонски научнички од УГД – Штип
За првпат во историјата на хемијата и природните науки, научен параметар е именуван според иницијалите на македонски автори. Овој исклучителен успех доаѓа од Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и претставува значаен чекор напред за македонската наука на светско ниво.
Станува збор за параметар во областа на квадратно-брановата волтаметрија – високоразвиена електрохемиска техника што се користи во медицината, биохемијата и фармацијата. Тој параметар, според научниците, има фундаментално значење слично на познатата формула E = mc² во физиката – научна алатка по која истражувачите ширум светот трагаат повеќе од половина век.
Клучната идеја за негово дефинирање ја дале две млади доцентки од Лабораторијата за биоелектрохемија при Факултетот за медицински науки во Штип – Милкица Јанева, Павлинка Кокоскарова и Рубин Гулабоски, по чии иницијали параметарот и официјално го носи своето име.
Нивниот научен труд веќе е објавен и достапен во институционалниот репозиториум на УГД, каде што е документирана методологијата и значењето на овој нов параметар:
https://eprints.ugd.edu.mk/37214/
Истражувањето е резултат на повеќегодишна научна работа, идеи, симулации и анализи, а во моментов се подготвува и проширена верзија на параметарот, која ќе биде применлива во сите релевантни научни ситуации и наскоро ќе биде поднесена за меѓународна рецензија.
Овој успех претставува огромна мотивација за младите научници и студентите во Македонија и пошироко – потврда дека иновативните идеи, упорноста и храброто научно размислување можат да доведат до откритија од светско значење.



