Во понеделник доделување на решенијата за новиот градоначалник и советници
Во понеделник, со почеток во 11 часот, во големата сала на Општина Прилеп, Општинската изборна комисија ќе ги додели решенијата на новоизбраниот градоначалник и на членовите на Советот на Општината.
Со оваа церемонија официјално ќе заврши изборниот процес и новиот состав ќе може да ја започне својата работа во наредниот четиригодишен мандат.



