Ротаракт клуб – Прилеп, донираше електромагнетен стимулатор за Дневниот центар за лица со церебрална парализа

Во Дневниот центар за лица со церебрална парализа во Прилеп денеска беше извршено официјалното примопредавање на електромагнетен стимулатор, донација од Ротаракт клуб „Прилеп“, со која ќе се унапреди грижата и рехабилитацијата на корисниците на центарот.

Средствата за набавка на апаратот беа обезбедени од донациите собрани за време на хуманитарниот маратон „Трка со срце“, кој се одржа на 14 јуни 2026 година во центарот на Прилеп. На настанот учествуваа повеќе од 300 граѓани, кои со своето учество дадоа придонес кон реализацијата на оваа хуманитарна иницијатива.

По примопредавањето на електромагнетниот стимулатор ќе биде организирана и практична обука за негувателките од дневниот центар, со цел апаратот правилно и ефикасно да се користи во секојдневната работа со лицата со церебрална парализа.

Од Ротаракт клуб „Прилеп“ истакнаа дека оваа донација е резултат на заедничката хуманост на прилепчани и уште една потврда дека преку заеднички ангажман може да се создадат подобри услови за лицата на кои им е потребна поддршка и најавија дека ќе продолжат со исто темпо во име на подобрување на цеата заецница.

Слични Објави