| |

Урбанистички планови

Да интервјуираш јавна личност или функционер не значи дека треба да прашаш она што тој / таа сака да ја прашаш. Прашањата, Информаторот на заедницата (репортерот) ги подготвува пред време, а целта е да разјасни нешто што не е познато, што е познато, но е погрешно (предубедување) или да разјасни активности, кои допрва треба да бидат превземени од некоја институција, која троши НАШИ пари.

Ете тоа беше и целта и со ова интервјуи, кои младите репортери, кои ги обучуваа „Зевзеците“ и новинари Горан и Ѓуро, како и новинарот Дарко Штаргоски, ги реализираа со највисоките функционери во нашата општина. Тие однапред се припремија за тие прашања, како ќе ги постават и какви дополнителни прашања би имале, ако не се задоволни со одговорите.

Одговорноста кон заедницата тоа го бара и младите репортери тоа теориски го учеа, а сега и практично го спроведуваат на терен.

Слични Објави