Каде оди локалната самоуправа, дали децентрализацијата продолжува или
Каде оди локалната самоуправа, дали децентрализацијата продолжува или повторно се централизира?
Дали централната власт има намера да се откаже од дел од власта и парите – наменети за општините или „власт не се дава лесно“?
!!! Финансирањето на општините, даноците и услугите на општините кон граѓаните….
За ова, за многу друго – во емисијата „Аргумент плус“ на „ТВ 24“ во 17 часот и 45 минути.
Ќе разговараат министерот за Локална самоуправа – Ристо Пенов, со Директорката на Заедницата на Единици на Локална Самоуправа (ЗЕЛС) – Душица Перишиќ, под модерација на водителката Мирјана Трпческа, „наоружана“ со најновите истражувања на АГТИС за состојбата на децентрализацијата и регионалниот развој, кои на површина исфрлаат големи недоумици за насоката на „централизираната децентрализација“ и идниот регионален развој на планските региони, кои треба да ги загрижат и општините и граѓаните.
Во продолжение погледнете ја емисијата
Со какви проблеми се соочуваат општините?
08.02.2023
Ристо Пенов министер за локална самоуправа и Душица Перишиќ – извршна директорка на ЗЕЛС