| |

111 години Аче и 70 години НУ Завод и Музеј Прилеп (видео)

Синоќа во малата галерија (во зградата на првото женско „Бабанеделино“ училиште) при НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп, беше отворена изложбата насловена „111 години Аче“, посветена на животот и творештвото на Ѓорѓи Ачески-Аче, еден од најзначајните македонски цртачи и хроничари на старата архитектура.

На отворањето говореа директорката на музејот Мимоза Христоска, Паре Зареска, виш кустос и Елизабета Д. Иваноска, кустос.

Љубители на ликовната уметност во голем број ја посетија и имаа можност да ја видат ексклузивната збирка цртежи, ракописен материјал и дела што досега биле чувани во семејната архива на Ачески.

Аче живеел за уметноста, а неговата бескомпромисна посветеност резултирала со над 4000 цртежи кои претставуваат бесценет визуелен запис на македонската стара архитектура. Изложбата има за цел да ја одбележи 111-годишнината од неговото раѓање и да ја потсети јавноста на неговото огромно културно наследство.

Роден во Прилеп во 1914 година  почина во 1979 година. Почнал да се запознава и создава со сликањето уште како млад. Овој самоук уметник, сè што постигнал во сликарството, го постигнал водејќи се од својот единствен сенс. Неговата посветеност, верба во себеси и големиот талент биле совршен спој.


„…Еден ден старата архитектура ќе ја има само на моите цртежи“ – Ѓорѓи Ачески-Аче.

Слични Објави