|

Витаминка донираше 23 тони флаширана вода за жителите на Гостивар

Како поддршка за граѓаните погодени од актуелната криза со водоснабдувањето во Гостивар, компанијата Витаминка донираше околу 23 тони флаширана вода.

Донацијата следува откако надлежните институции препорачаа водата од градскиот водовод да не се користи, поради што жителите се принудени да обезбедуваат вода од алтернативни извори за своите секојдневни потреби.

Од компанијата велат дека донацијата е израз на општествена одговорност и солидарност во услови кога локалната заедница се соочува со сериозен предизвик.

Во вакви околности, навременото вклучување и конкретниот придонес од деловниот сектор можат значително да помогнат во задоволувањето на најитните потреби и полесното надминување на последиците од кризата.

„Кога една заедница се соочува со состојба што директно влијае врз здравјето и секојдневниот живот на граѓаните, потребна е брза и конкретна реакција. Веруваме дека солидарноста најдобро се покажува преку дела и се надеваме дека оваа донација ќе придонесе барем делумно да им се олесни секојдневието на жителите на Гостивар“, соопштија од Витаминка.

Од компанијата посочуваат дека и понатаму ќе ја следат состојбата, со надеж дека проблемот со водоснабдувањето ќе биде надминат во најкус можен рок и дека граѓаните повторно ќе добијат непречен пристап до безбедна вода за употреба.

Слични Објави