Фолклор без граници – Новаци домаќин на ансамбли од Македонија, Грузија и САД

Во рамките на манифестацијата „Илинденски денови“, вечерва Општина Новаци ќе биде домаќин на богата културно-уметничка програма која ќе ги обедини традицијата, фолклорот и пријателството меѓу народите.

Програмата започнува во 20:00 часот со Илинденско дефиле низ улиците на Новаци, на кое учесниците и гостинските ансамбли ќе продефилираат облечени во автентични народни носии, претставувајќи го културното наследство на своите земји.

Свечениот концерт ќе започне во 21:00 часот во дворот на Општина Новаци, каде пред публиката ќе настапат КУД „Везилка“ од Новаци, ансамблот „Flying Georgians“ од Тбилиси, Грузија, како и ансамблот „Venezuela Danza y Tambor“ од Корал Спрингс, Флорида, САД.

Организаторите упатуваат покана до сите граѓани да бидат дел од оваа културна вечер и заедно да ја прослават традицијата, уживајќи во богатството на македонскиот и светскиот фолклор.

Манифестацијата „Илинденски денови“ и годинава продолжува да биде место на средба на различни култури, промовирајќи ги народната музика, игра и обичаи како универзален јазик што ги поврзува луѓето.

Слични Објави