ЗАЕДНО ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА – ПОДДРШКА ЗА ПОДОБРО ДОМУВАЊЕ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА
Во хотел Милемиум – Битола се одржа Панел Дискусија – ПОДДРШКА ЗА ПОДОБРО ДОМУВАЊЕ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА
„Целта на овој панел не е да понуди конечни решенија туку да поттикне конструктивна дискусија и да истакне стручни видувања, сугестии и позитивни искуства во насока на обезбедување поголема социјална инклузиjа и подобри услови за домување на ромската заедница во населба Баир во Битола“, потенцираа организаторите на настанот од проектот БАИР.
На панелот се резимираа досегашните постигнувања и напори во склоп на проект Баир, се споделија научени лекции, позитивни примери за социјално домување од други oпштини и стручни видувања за можностите и предизвиците за адекватно социјално домување за ромската заедница во општина Битола.
Климентина Ѓорѓиоска, менаџерка на проектот БАИР, која во последните три години активно ја водеше реализацијата на проектот, ги претстави сите досегашни научени лекции и вложени напори во насока на подобрување на социјалната инклузија и условите за домување на ромското население во населба Баир.
“Фундаменталната заложба на проектните партнери на БАИР е постигнување социјална инклузија на ромската заедница во Битола. Низ активностите на проектот, процесот на инклузија е евидентен. Се остваруваше преку интеракции на ромската заедница со општинската администрација, соработниците од приватниот сектор и националните и меѓународните експерти. Но, социјалната инклузија е процес, што не може да се мери квантитативно, а се случува на хоризонтално и вертикално ниво. Во исто време, значи пристап до образование, здравство, вработување и домување. Во рамки на проектот БАИР, во изминатите 38 месеци реновирани се 26 домаќинства и во соработка со Општина Битола легализирани се 45 објекти. Во овој момент се финализира изработката на 3 детални урбанистички планови за населба Баир со опфат од 30 хектари. Но, ова не е доволно, зашто предизвиците и обврските и натаму продолжуваат.
За адекватно домување потребно е да се легализираат објектите (со контрола на изградбата и квалитетот на користениот материјал), преку обезбедување стабилни и безбедни градби и надминување на структурните проблеми. Да се реши проблемот со супстандардното домување како урбан феномен со сериозни импликации во формалниот систем на урбанистичко планирање и сложени социо-економски релации. Во исто време да се креира рамка на делување адаптирана на хетерогеноста на ромските населби.
Крајно, за успешно третирање и решавање на прашањата на социјална инклузија и домување, императивно е да се аплицира колаборативен пристап на инволвираните страни што значи споделена одговорност, отчетност, ресурси, контрола и ризик со цел споделени награди и успеси. “
Панел дискусијата е дел од кампањите за подигање на јавна свест реализирани во склоп на проектот Баир, во имлемнтација и со подршка од
COSV – Cooperazione per lo Sviluppo , PREDA Plus Foundation, Општина Битола – официјална страница, Delegation of the European Union, Skopje