| |

Дали се подобрува соработката на централната и локалните власти?

Демократијата подразбира кохабитација (соживот) на централната и локалната власт, без оглед дали се работи за власт на една, или друга гарнитура и политичка опција, што е регулирано со многу закони. Порано се велеше дека е добро едната и другата власт да се од иста партија, за да постои таква заедничка работа и заеднички цели, но граѓаните скоро никогаш не мислат така. Потребно е властите да си ја работат работата, затоа што, воспротивно, тоа негативно се одразува на граѓаните.

Сведоци сме дека минатата година општините имаа големи проблеми со централните власти (не само владата, туку и другите институции) на многу полиња, па се надевавме дека тоа ќе се разреши, но не е така.

Еве едно интервју, снимено од младите известувачи на заедницата, кон крајот на минатата година, па сами оценете дали нештата се менуваат.

Слични Објави