|

Забрана за тешки товарни возила

Поради интензивни снежни врнежи, од 9:40 часот утрово воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево, во двата правци, информираат од АМСМ и ЈП „Македонијапат“.



Ова е трета забрана во текот на утрото поради влошените временски услови:

  • Од 05:45 часот забранет е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
  • Од 09:20 часот воведена е забрана за камиони и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка.

Според надлежните служби, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места во западните и југозападните делови има остатоци од кашест снег, што дополнително го отежнува одвивањето на сообраќајот.

Возачите се повикуваат на зголемена внимателност и почитување на воведените забрани.

Слични Објави