| |

Секоја учебна недела ќе почнува со химната и знамето

На последната седница на Советот на Општина Кривогаштани, по иницијатива на претседателот на Советот, Андреј Ацески, едногласно беше изгласана одлуката за воведување задолжително интонирање на државната химна и свечено подигање на државното знаме во сите основни училишта на територија на општината.

Со оваа одлука се прави важен чекор кон јакнење на патриотизмот, граѓанската свест и почитта кон државните симболи кај учениците уште од најрана возраст. Советот на Општина Кривогаштани испраќа јасна порака дека државните симболи, историјата и достоинството на Република Македонија мора да бидат почитувани и негувани во воспитно-образовниот процес. Ова е пример како локалната самоуправа може конкретно да придонесе во создавање свесни, одговорни и достоинствени идни генерации. – – изјави Ацески за ОТВ

Слични Објави