Одрони, зголемено ниво на реките и снег
Поради обилните врнежи, нивото на Црна Река кај Новаци е зголемено и изнесува 320 сантиметри, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК посочуваат дека нема излевање, а состојбата се следи континуирано.
Во Пелагонискиот регион, поради снежни врнежи и ниски температури, се интервенира на повеќе патни правци. Со механизација се работи на делниците Кавадарци – Мушов Гроб – Мрежичко, Мушов Гроб – Михајлово и Страгово – Горна Бошава. Патиштата се проодни, но сообраќајот се одвива во зимски услови, а снежната покривка достигнува до 15 сантиметри.
Патниот правец од селото Пклиште до селото Герман е затрупан со снег и со отежнато движење, при што е испратена механизација за расчистување.
Надлежните служби апелираат до возачите на внимателно возење и задолжително користење зимска опрема.


